Исламска држава ја призна одговорноста за крвавиот напад во Кабул

Од:

Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз ресторан во хотел во Кабул, во кој загинаа најмалку седум лица, а десетици беа ранети.

Во нападот загинаа еден кинески државјанин и шест Авганистанци, а околу десетина други беа ранети, вклучувајќи и едно дете, соопштија официјални лица, објави Ројтерс.

Покрај кинескиот државјанин, меѓу загинатите има и локални работници и гости на ресторанот.

Италијанската медицинска невладина организација „Итна помош“ претходно соопшти дека нејзиниот хируршки центар во Кабул примил 20 лица по експлозијата, вклучувајќи седум кои веќе биле мртви, објави АП.

Полицијата претходно соопшти дека експлозијата се случи во хотел во населбата Шахр-е-Нав во Кабул. Кинеската државна телевизија CCTV објави дека двајца кинески државјани се тешко повредени, а еден обезбедувач е убиен во експлозијата во ресторанот.

Областа Шахр-е-Нав е претежно населена со странци и се смета за една од најбезбедните во Кабул.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Повторно војна Авганистан-Пакистан: Експлозии во Кабул

(ВИДЕО) Камион со течен гас експлодираше на автопат, предизвика штета во радиус од 200 метри

А1он

(ВИДЕО) Експлозија уништи црква во Њујорк, има многу повредени

(ВИДЕО) Голема експлозија во продавница за пиротехника, најмалку осум лица загинаа, а има и повредени

(ВИДЕО) Страшна експлозија го потресе главниот град на Иран

А1он

Смртоносна експлозија во Кабул: Плинска боца однесе најмалку осум животи