Исламистите се закануваат со убиство на заложник доколку не добијат откуп

Од:

Исламските екстремисти од Филипините, кои минатиот месец му ја отсекоа главата на еден Канаѓанец, најавија дека ќе убијат уште едно лице кое го држат како заложник, доколку во рок од четири недели не им се исплати повеќемилионскиот откуп во долари.

Во видеото кое го објави движењето „Абу Сајаф“, близок до Исламска држава, прикажани се Кананѓанецот Роберт Хол и Норвежанецот Кјертен Секингстад во портокалова облека, обиколени со вооружени луѓе со маски на лицата.

Тие пред камерата велат дека киднаперите им се заканиле дека ќе убијат барем еден од нив ако до 13 јуни не им бидат исплатени 12,8 милиони  долари

Во април терористите од Абу Сајаф го убија Канаѓанецот Џон Риздел, следниот ден откако измина рокот за давање откуп.

Имено, Риздел, Хол и Секингстад, како и  филипинската девојка на Хол се киднапирани минатата година на туристичкиот остров Самал, кој е на 100 километри од традиционалното седиште на Абу Сајаф.

На организацијата и се препишуваат некои од најтешките терористички напади во историјата на Филипините.

Иако лидерите на движењето ја искажаа верноста кон ИД, аналитичарите велат дека Абу Сајаф е повеќе насочен кон исплатување на „долговите за киднапирање“ на странци, отколку кон борбата за создавање на „калифат“.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски