Исламист од Мали осуден на девет години затвор за разурнувањето на Тимбукту

Од:

Меѓународниот кривичен суд во Хаг го осуди исламистот Ахмад ал Факи ал Махди на девет години затвор за уништувањето на африканскиот антички храм во Тимбукту во Мали.

Во текот на судењето, Ал Махди го признал кривичното дело и изјавувајќи дека раководел со групата вооружени ислмистички бунтовници кои во 2012 година го уништија историскиот мавзолеј во Мали, кој се сметаше за светско културно наследство.

Судот во Хаг при изрекувањето на пресудата соопшти дека обвинетиот Ал Махди се „покајал за кривичното дело“ што го извршил заедно со другите бунтовници.

Ова е прв случај досега Меѓународниот кривичен суд да осуди еден исламист и првпат уништувањето на историски споменик – културно наследство во една земја зафатена со воени судири, да се терора како воено злосторство.

Ал Махди, кој е поранешен верски учител, не само што ја предводел бунтовничката група која го извршила злосторството против културното наследство на Мали уништувајќи девет мавзолеи во Тимбукту и историската порта на џамијата во градот Сидик Јахија, туку и самиот учествувал во разурнувањето.

На сослушувањето во текот на судењето тој рече дека на таквото однесување го повел „бранот на злото“.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска