Исчезнатата индонезиска подморница се верува дека е на 600-700 метри длабочина

Од:

Индонезиска воена подморница, што вчера исчезна кај островот Бали, со екипаж од 53 војници, се верува дека се наоѓа на 700 метри под вода, соопшти денеска морнарицата, пренесе ДПА.

Подморницата од германското производство „KRI Nanggala-402“ вчера во раните утрински часови го изгуби контактот со командата на околу 95 километри северно од Бали, за време на воена вежба за напад со торпедо, соопштија официјалните лица.

-Се сомневаме дека е на длабочина од 600-700 метри, изјави портпаролот на морнарицата, адмирал Јулиус Виџојоно.

“Подморницата е дизајнирана да се нурнува до длабочина од 250-500 метри. Надвор од тоа е опасно”, додаде тој.

Виџојоно додаде дека резервоарот за гориво можно е да е оштетен од притисокот на водата.

Четири воени бродови се вклучени во потрагата, додаде адмиралот.

Засега не е позната судбината на 53-та членови на екипажот.

Војската соопшти дека побарала помош од Сингапур и Австралија, кои имаат бродови за спасување.

Министерството за одбрана доцна синоќа соопшти дека со воздушен надзор со хеликоптер е открино истекување нафта на локацијата каде што последен пат била откриена подморницата,додаде ДПА.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски