Исчезна кинески милијардер, неговата компанија го пријавила за исчезнат

Од:

Еден од најистакнатите кинески инвестициски банкари исчезна, соопшти неговата компанија. Фан Бао, извршен директор на инвестициската банка China Renaissance Holdings, го нема веќе неколку дена, објави вчера неговата компанија, пренесе BBC.

Бао беше водечки деловен брокер во Кина, а неговите клиенти беа врвните технолошки компании Didi и Meituan. По објавувањето на неговото исчезнување, акциите на China Renaissance паднаа за 50%. Компанијата не прецизираше колку долго не е во контакт со Фан. Кинеските деловни вести Caixin цитираат извори кои велат дека персоналот не можел да контактира со него два дена.

Многумина се загрижени дека ова е пресметка меѓу кинеските власти и деловните и технолошките лидери. Бао ја основа China Renaissance во 2005 година. Оттогаш, компанијата прерасна во една од водечките финансиски институции во Кина – склучувајќи зделки и спојувања со неколку технолошки компании во земјата.

Би можело да ве интересира

Мистериозното исчезнување на Ана (34) од Белград: Последен ја видел партнерот, полицијата ја бара 19 дена

Кинез кој работел на автопатот Кичево-Охрид оштетил кабел на „ЕВН“, корисници од Дебрца без струја

Орце Костов

Исчезна велешанец, случајот во полиција го пријавил внукот

Пронајдено e исчезнатото девојче од прилепско село Пешталево

Горан Наумовски

Таткото кој брутално ја претепа ќерка си на тренинг е во притвор