Ирската вицепремиерка Францис Фицџералд денеска поднесе оставка на функцијата, со што се избегна опасноста од гласање недоверба на малцинската Влада и предвремени избори.
Опозициската партија Фина Фоил претходно се закани дека ако Фицџералд одбие да поднесе оставка, тоа ќе предизвика распишување предвремени избори во декември.
Спорот поврзан со вицепремиерката Фицгералд почна со објавувањето на документи за нејзиниот однос кон група „свиркачи“ во полицијата кои укажале на корупција во рамки на безбедносните сили.
Таа беше обвинета дека во 2015 година добила електронска порака во која и се укажува на корупција во безбедносните сили, но не преземала никакви мерки за да ги заштити испраќачите на пораката.