Ирска: Времето минува, потребен е сериозен предлог

Од:

Европската унија и Велика Британија треба да ги намалат несогласувањата за да постигнат нов договор за Брегзит, а Лондон мора да излезе со сериозен предлог, изјави денеска ирскиот министер за надворешни работи Симон Ковни, предупредувајќи дека истекува времето.

Ковни во Брисел, каде се состана со главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, рече дека ЕУ се уште сака да преговара, но дека тоа мора да биде врз основа на „сериозен предлог“ на Велика Британија.

– Тоа сè уште не се случи и сè додека не се појави сериозен предлог во писмена форма … ќе има длабоко несогласување, а времето лета, изјави Ковни пред новинарите.

Тој додаде дека „товарот“ сега е префрлен на британскиот премиер и неговиот тим, истакнувајќи дека Ирска е отворена за можноста за продолжување на рокот за Брегзит.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека неговата Влада ќе се придржува до законот и дека останува посветен на тоа земјата да ја напушти Европската унија со постигнат договор. Џонсон вети дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, со или без договор, но Парламентот го донесе законот со кој се обврзува да побара продолжување на рокот ако не се постигне договор до 19 октомври.

– Ние ќе го почитуваме законот, но убедени сме дека можеме да ја напуштиме Унијата на 31 октомври. Најдобар начин да се постигне тоа е да постигнеме договор, рече Џонсон одговарајќи на прашањето дали ќе побара одложување или ќе го заобиколи законот, кој го нарече „чин на предавање“.

Според него, „затоа тој чин на предавање е толку штетен“.

– Тоа има влијание на нашите европски пријатели поради што размислуваат – можеби Парламентот може да го блокира ова, можеби ќе бидат принудени да го продолжат рокот. Ова очигледно ги отежнува преговорите, рече Џонсон.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски