Ирска стана првата земја во Европската унија, која усвои закон за воведување унифицирани, неутрални кутии за сите брендови на цигари.
Според најновите прописи, сите видови реклами, вклучувајќи го и логото и бојата ќе бидат забранети, додека сите кутии ќе имаат универзален, неутрален изглед со здравствено предупредување.
Овој закон наиде на поддршка од сите партии и е усвоен без гласање, а по овој чекор ќе биде испратен до претседателот на потпишување, иако неговата целосна примена ќе се случи во мај 2017 година.