Ирска по грешка легализираше екстази и метамфетамин

Од:

Ирска по грешка легализираше екстази, метамфетамин и кетамин. Дупката настана со укинување на законот од 1977 година, што значи дека никој не може да биде уапсен за поседување на овие дроги се додека новиот закон не се усвои.

Овој потег од страна на Апелацискиот суд, сепак, не ја менува ситуацијата со снабдувањето, поседувањето или продажбата на „постарите“ дроги, како хероин и кокаин, туку само оние кои се опфатени со укинувањето на законот.

Министерот за здравство во Ирска рече дека итно ќе биде составен нов закон, кој ќе биде предложен за усвојување на Парламентот.

– Сега најважно е заради јавноста и борбата со криминалот новиот закон што побрзо биде усвоен, истакна портпаролот на Министерството.

Двата дома на ирскиот Парламент не можеа да се договорат за усвојување и дополнување и измените на законот за забрана на злоупотреба на дрогата од 1977 година, па Апелациониот суд го прогласи постоечкиот закон за неуставен.

Би можело да ве интересира

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски