Ирска ја казни Мета, Фејсбук ја наруши приватноста на корисниците, казната е 390 милиони евра

Од:

Ирскиот регулатор за приватност ја казни Мета со 390 милиони евра поради кршење на правилата за приватност на Фејсбук и Инстаграм, наредувајќи им на двете компании да ја разгледаат правната основа на рекламните услуги засновани на лични податоци во Европската унија.

Одлуката за начините на кои двете компании за социјално вмрежување ја водат својата рекламна услуга беше донесена во декември од страна на Европското тело за заштита на приватноста.

Се однесува на промената на условите за користење на Facebook и Instagram во 2018 година, откако беа воведени новите европски правила за приватност. Мета потоа се обиде да се потпре на таканаречената „договорна“ правна основа за повеќето операции за обработка на податоци.

Мета претходно се потпираше на согласноста на корисниците да ги обработува нивните лични податоци за целно рекламирање, па веруваше дека со тоа ги прифатиле ажурираните услови по 2018 година и дека таквото рекламирање е легално.

Ирскиот комесар за приватност на податоците (DPC), водечкиот регулатор за приватност за многу од најголемите светски технолошки компании во ЕУ, и наложи на Мета да ги усогласи своите операции за обработка на податоци во рок од три месеци.

Вкупно, Мета е казнет со околу 1,3 милијарди евра, а се вршат уште 11 проверки, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

МЕТА најави огромна промена на Фејсбук и Инстаграм: Ги укинуваме проверувачите на факти

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ