Ирска гласаше за истополовите бракови

Од:

Се чини дека ирските гласачи на референдумот за измена на уставната дефиниција за бракот со кој би се дозволила венчавка на двојки од ист пол, го дале својот глас „за“, означувајќи така драматичен пресврт во традиционално католичката земја, тврдат во саботата владини министри , но и противниците на оваа идеја, пренесуваат агенциите.

Конечните резултати од гласањето на референдумот се очекуваат подоцна во саботата, и доколку предлогот на ова плебисцитарно изјаснување добие „зелено светло“, Ирска ќе биде првата земја којашто истополовиот брак го озаконила со директно гласање, откако во 1993 година ја декриминализираше хомосексуалноста.

Националната радиотелевизија RTE јави дека победата на поборниците за промена на уставот која го озаконува „бракот меѓу две лица без разлика на полот“ е повеќе од веројатна.

Таквото мислење го споделува и министерот за рамноправност Ајдан О’Риордан. „Мислам дека победата е извојувана. Бројот луѓе кои излегоа на референдумот е без преседан“, вели О’Риордан, пренесува Reuters.

„Изгледа дека сите предвидуваат победа на заговорниците на измената на уставната дефиниција на бракот (…) и во моментов изгледа така. Тоа е разочарувачки“, вели Џон Мареј од католичкиот институт Iona.

Католичката црква во Ирска, чијашто доктрина поучува дека хомосексуалноста е грев, своето спротиставување на предлогот за истополовите бракови го ограничи на кампања на проповедите, па опозицијата ја предводеа лаички здруженија, ставајќи го акцентот на прашањето за родителството и правата во врска со сурогат родителството за истополовите двојки. Тие се убедени дека законот за истополовото граѓанско партнерство од 2011 година е сосема доволен.

Во петокот повеќе од 3,2 милиони Ирци беа повикани да се изјаснат за предлогот за промена на уставот кој го озаконува бракот на лица од ист пол, кој го поддржаа политички партии, медиуми, некои синдикати, како и студентски и спортски здруженија. Го поддржаа и многу славни личности со ирско потекло, како на пример Боно Вокс, пејачот на U2. Пред куќата на Оскар Вајлд, писателот кој пореди хомосексуалноста беше затворен во Велика Британија, активистите поставија плакати со пораките „Гласајте за и „Еднаквост за сите“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина