Ирците на референдум за укинување на Сенатот

Од:

Ирците гласаат денеска на референдум за укинување на Горниот дом на парламентот поради економски причини.

Според прогнози на аналитичари, мнозинството веројатно ќе го поддржи владиниот предлог за укинување на Сенатот.

Во анкета на Ајриш тајмс воздржани има околу осум отсто, додека 44 отсто ќе поддржат укинување на Сенатот, а 27 отсто сакаат тој да продолжи со работа.

enda-kenni

Премиерот Енда Кени кој во предизборната кампања во 2011 година предупреди дека ќе побара укинување на Сенатот, нагласи синоќа дека Сенатот нема вистинска власт и расходите за 60-те сенатори се 20 милиони евра годишно.

Во моментот тој орган има мали овластувања и најголемата е – можност да забави за 90 дена прифаќање на конкретен законски проект. Од таа „привилегија“ сенаторите имале корист само двапати во изминатите 75 години. Резултатите ќе бидат објавени утре попладне.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина