Иранскиот Парламент ја оддржа првата седница

Од:

Иранскиот Парламент  ја оддржа првата седница по неколкунеделната пауза заради коронавирусот, чие ширење во земјата продолжува да се намалува.

На седницата присуствуваа повеќе од две третини од пратениците, но без претседателот на парламенто, Али Лариџани, кој е заразен со коронавирус и се наоѓа на лекување.

Иранските медиуми јавуваат дека околу 30 отсто од пратениците, во парламентот што брои 290 пратеника, се инфицирани со вирусот.

Во Иран во последните 24 часа умреа 133 лица, а вкупниот број на жртви сега изнесува 3.972 лица.

Заразени се 62.589 лица, од кои 27.039 се излекувани.

Иранските власти не воведоа карантин во ниту еден од градовите, но апелираа до граѓаните што помалку да излегуваат од дома.

Би можело да ве интересира

Предупредување од САД дека Иран подготува ракетен напад, Израел одговори дека ќе има последици

ВИДЕО: Хезболах ја „проби“ железната купола во близина на Тел Авив: Цел биле штабовите на Мосад

Шефот на тајната иранска служба бил израелски шпион

Предраг Петровиќ

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Камп на американската армија кај Багдад погоден со четири ракети

Лидерот на Фатах цел на израелски напад, се разгорува војната со Хезболах

Предраг Петровиќ