Иранскиот министер за надворешни работи го предупреди Израел дека Хезболах ќе се вклучи во војната доколку не престанат нападите

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан го повика Израел да ги прекине нападите врз Газа, предупредувајќи дека војната може да се прошири и на другите делови на Блискиот Исток доколку Хезболах се приклучи во битката.

Амирабдолахиан им рече на новинарите во Бејрут дека либанската група Хезболах ги разгледала сите воени сценарија и дека Израел треба што поскоро да ги прекине нападите врз Газа. Во спротивно ќе претрпи „голем земјотрес“.

Иранскиот министер за надворешни работи се сретна со лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, кој го информирал за плановите и условите што ги имаат.

„Знам за сценаријата поставени од Хезболах. Секој чекор што ќе го преземе отпорот (Хезболах) ќе предизвика огромен пресврт во ционистичкиот ентитет“, рече тој.

Амирабдолахиан додаде: „Сакам да ги предупредам воените злосторници и оние кои го поддржуваат овој ентитет пред да биде предоцна да ги запрат злосторствата врз цивилите во Газа, бидејќи може да биде предоцна за неколку часа“.

Израелците веќе неколку дена го гаѓаат Појасот Газа откако палестинската милитантна организација Хамас ја нападна израелската територија. Загинаа неколку високи функционери на Хамас и бројни цивили, по што Израел ги предупреди странците да ја напуштат Газа во следните неколку часа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како Израел ги претвори пејџерите во модерен тројански коњ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Блискиот исток е пред најголемата војна во последните 50 години“

Катерина Ѓуровски

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа