Иранскиот генерал Абаси: Израел не е во наша лига, ние се обучуваме за ова 26, 27 години

Од:

Високиот командант на иранската морнарица, генерал Реза Абаси, изјави во програмата на иранскиот државен телевизиски канал 1 дека воената моќ на Иран е далеку над капацитетите на Израел и дека Иран досега покажал само „дел од своите способности“.

„Ние се обучуваме за оваа ситуација 26 до 27 години. Израел не е во наша лига. „Лудиот“ Нетанјаху не е во позиција да се спротивстави на нашите вооружени сили“, рече Абаси, испраќајќи јасна порака до Тел Авив во услови на ескалација на вооружените конфликти.

Оваа изјава доаѓа откако Иран, како одговор на израелскиот напад врз Техеран, испали околу 50 балистички ракети кон израелска територија. Инцидентот предизвика масовно активирање на сирените за воздушен напад низ целиот Израел, особено во централните делови на земјата и областа на Ерусалим.

„Израелската војска детектира испукани балистички ракети од Иран“, потврди ИДФ во соопштението, додавајќи дека одбранбените системи се ставени во целосна функција за пресретнување на дојдовните закани.

На граѓаните им беше наредено веднаш да се засолнат во заштитени соби и да останат таму додека не помине опасноста. Сирени за тревога се огласија во голем број израелски градови, а се очекува дека ќе бидат активирани и во северните региони.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој со денови беше невидлив за јавноста, се појави во разурнатиот Бат Јам, делот од Тел Авив кој беше силно погоден од последните напади. Неговото излегување од засолништето доаѓа по денови молк и бранови критики за неговото справување со кризата. Претходно кружеа гласини дека ја напуштил земјата и отишол во Грција поради страв од иранска одмазда, но тие не се официјално потврдени.

Да потсетиме дека израелската воена операција против Иран започна во петок, 13 јуни, по што имаше жесток одговор од Техеран.

Би можело да ве интересира

Бен Гвир: Ослободувањето на палестинските затвореници е неприфатлива цена за договор

Хамас прогласи крај на војната

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

Израел: Дојдовме до критична точка во оваа војна

ВИДЕО: Примирјето треба да почне претпладнево, израелската војска се подготвува за повлекување

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Газа се слави договорот за мир