Ирански ракети нападна израелските воени бази

Од:

Иранските воздухопловни сили извршија напад врз израелските воздухопловни бази од кои израелските авиони започнаа воздушни напади врз Иран, соопшти иранската војска.

„Како одговор на дрскиот напад на ционистичкиот режим врз исламска иранска територија, борците на воздухопловните сили на Исламската револуционерна гарда, во десеттиот бран на операцијата „Садек ветување 3“, ја испланираа и спроведоа операцијата „Тасир“, таргетирајќи ги воздухопловните бази од кои потекнува овој напад“, се вели во соопштението, како што објави ИРНА.

Во соопштението се додава дека овие напади ќе продолжат на „континуиран, сложен, повеќеслоен и постепен начин“.

Претходно, врховниот командант на иранската армија, генерал Абдолрахим Мусави, изјави дека претходните напади на Иран врз Израел биле „само предупредување и одвраќање“ и најави дека „казнената операција“ на Иран ќе биде спроведена многу наскоро.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки би можеле да го изложат регионот на зрачење

Трамп одбројува: „Вторник, 20 часот“

Иран: Најмалку петмина убиени во израелски напади врз петрохемиски постројки

Абдулахи до Трамп: Портите на пеколот ги чекаат агресорите

Полска одбива да испорача системи „Патриот“ за операции против Иран

„Епски бес“ без излез: Дали САД влегуваат во нов Виетнам?