Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговиот министер за надворешни работи се урна во неделата додека минувал планински терен во густа магла, изјави ирански официјален претставник за Ројтерс, а спасувачите се упатиле на местото на настанот.
Неименуваниот функционер рече дека животите на Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се „загрозени по хеликоптерската несреќа“, која се случи на враќање од посетата на границата на Иран со Азербејџан.
– Сѐ уште се надеваме, но информациите кои доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки – рече службеникот сакајќи да остане анонимен.
– Лошото време ги отежна спасувачките напори – пренесе државната новинска агенција ИРНА.
Началникот на Генералштабот на иранската армија нареди да се користат сите ресурси на армијата и елитната Револуционерна гарда во операциите за пребарување и спасување.
Државната телевизија ги прекина сите свои редовни програми за прикажување молитви за Раиси низ целата земја и, во аголот на екранот, директни преноси на спасувачките тимови распоредени пеш во планинска област во густа магла.
Спасувачките тимови се очекува да стигнат до местото на несреќата доцна вечерта во недела, објави државната телевизија.