Ирански функционер: Нуклеарните комплекси беа евакуирани пред нападот

Од:

Иран ги евакуираше трите нападнати нуклеарни објекти некое време пред бомбардирањето, изјави за националната радио телевизија заменик-директорот на тој медиум, Хасан Абедини.

САД ги бомбардираа иранските нуклеарни објекти Фордоу, Натанц и Исфаган, објави претходно американскиот претседател Доналд Трамп, фалејќи се дека објектите се „целосно уништени“.

„Резервите на збогатен ураниум претходно беа преместени од нуклеарните центри и таму не останаа никакви суровини кои, во случај на напад, би можеле да предизвикаат зрачење и да бидат штетни за нашите сонародници“, ја пренесе Ројтерс изјавата на Абедини за иранската телевизија.

Иранскиот нуклеарен надзорник објави дека нема траги од контаминација околу погодените објекти и дека нема опасност за жителите на околните области, пренесува Ројтерс.

Нуклеарната централа Фордоу не претрпе значителна штета, изјави државен функционер за иранската новинска агенција Фарс, истакнувајќи дека оштетените делови од централата се „на површината“ и можат лесно да се обноват, според Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Какви бомби користеа Американците за напад кај Ормутскиот тесенц

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

(ВИДЕО) Застрашувачки снимки од Либан: Зграда целосно се урна по израелски напад во центарот на Бејрут

Погодена иранската нуклеарна централа

ВИДЕО: Нови ирански напади на заливските држави

Смртта на Али Лариџани е голем удар за Иран: Тој беше централна фигура