Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери

Од:

Иранската државна телевизија Офог емитуваше „листа за отстрел“ од седум израелски функционери, вклучувајќи го и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со лица покриени со мети, објавува „Тајмс оф Израел“.

На листата, покрај Нетанјаху, се наоѓаат и директорот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Дејвид Барнеа, министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили Ејал Замир, командантот на воздухопловните сили Томер Бар, директорот на военото разузнавање Шломи Биндер и началникот на Дирекцијата за операции Ицик Коен.

Лицата на израелските функционери се прикажани со слики од мети преку нивните лица.

Водителот на програмата на хебрејски јазик во емисијата рече – „Ќе го утврдиме времето на вашата смрт, почекајте го Абабил“, алудирајќи на иранскиот дрон Абабил.

Овој потег доаѓа во време кога Техеран води разговори со Вашингтон за неговата нуклеарна програма за да се избегне потенцијален конфликт меѓу двете сили.

Соединетите Американски Држави и Иран ги одржаа своите први разговори минатиот петок во Оман, а програмата за збогатување ураниум на Иран останува централна точка на спор меѓу двете земји.

Вашингтон, исто така, сакаше во разговорите да бидат вклучени и ракетната програма на Иран и поддршката на вооружените групи во регионот, но Техеран категорично ги отфрли разговорите за прашања надвор од неговата нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна