Иранската државна телевизија емитуваше закани кон Барон Трамп, спомената е награда од 10 милиони долари

Од:

Иранската државна телевизија емитуваше прилог посветен на Барон Трамп, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој беа изнесени вознемирувачки тврдења за неговото движење, секојдневниот живот и безбедноста.

Во прилогот, кој траел околу три минути, се споменува и сума од 10 милиони долари во контекст на наводна награда за ликвидација на Барон Трамп. Од содржината на емисијата, сепак, не може да се потврди дека станува збор за официјално објавена или реално понудена награда.

Телевизијата прикажала и снимки генерирани со помош на вештачка интелигенција, во кои Барон е претставен во дрес на фудбалскиот клуб Арсенал, како и додека игра на гејминг-конзола „Xbox“.

Во прилогот се изнесуваат и наводи за местата каде што тој наводно се движи и се среќава со други луѓе, меѓу кои се споменува и Трамп кулата во Њујорк. Притоа се тврди дека 20-годишникот има ограничен круг на комуникација и дека најчесто разговара со луѓе преку онлајн гејминг.

Дополнително, во емисијата било наведено дека дел од информациите биле добиени од девојка која наводно успеала да стапи во контакт со Барон Трамп и да ги заобиколи безбедносните протоколи на американската Тајна служба.

За овие тврдења не биле презентирани независни докази. Ниту, пак, е потврдена автентичноста на информациите изнесени во прилогот, кој предизвика реакции поради начинот на кој јавно се обработуваат лични и безбедносни детали поврзани со синот на американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Погоден ирански танкер во Ормускиот теснец, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Бин Салман двапати го повика Трамп: САД да ги нападнат Хутите

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

Драма кај Оман: Проектили погодија два брода, еден се запали

Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“

Иран им нанесе голема штета на Американците во Бахреин: „Немавме каде да се закотвиме“