Иранска државна телевизија: Примирјето започнува сега

Од:

Иранската државна телевизија објави дека започнува прекинот на огнот меѓу Иран и Израел.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека е постигнат прекин на огнот и дека војната е завршена, но иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека „во оваа фаза нема договор за прекин на огнот“ и дека иранските вооружени сили „ќе продолжат да се борат до последен момент“.

Сепак, тој рече дека Иран е подготвен за прекин на огнот ако Израел „ја запре својата нелегална агресија врз иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро по техеранско време“.

Иран претходно истрела ракети кон Израел, при што загинаа три лица.

Би можело да ве интересира

Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Израелските одбранбени сили ќе воспостават нова безбедносна зона во Јужен Либан

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир