Иранските лекари останаа вчудовидени кога со ултразвук открија дека една 40-годишна трудница носи 13 фетуси, јави emirates 24/7.
Жената е во брак и досега има родено 7 деца, меѓу кои и двајца близнаци. Последен пат се породила пред 5 години.
Оваа бременост која се смета за чудо, носи многу ризици, а некои од нив почнале и да се појавуваат. Тестовите покажале дека 4 фетуси се веќе мртви, но другите засега се во добра состојба. Сепак, лекарите очекуваат бројот на живи фетуси да се намали на сметка на напредувањето на најсилните фетуси. Мајката засега се чувствува добро, изјави за emirates 24/7д-р Ал Џабоури.