Иран започна ракетен напад врз Израел, се огласија сирени

Од:

Иран започна нов ракетен напад врз Израел, поради она што официјалните лица го нарекуваат неиспровоциран израелски напад врз Техеран, откако израелската армија (ИДФ) објави дека започнала нов бран воздушни напади врз Иран, објавува иранската агенција Мехр.

Во исто време, ИДФ објави дека идентификувале истрелани балистички ракети од Иран, а предупредувачки сирени се огласија низ северните и јужните делови на земјата, според „Тајмс оф Израел“.

Жителите во областите каде што се огласуваат сирени се повикуваат да одат во засолништа и да останат таму до понатамошно известување.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност