Иран тврди дека спречил атентат нарачан од Израел

Од:

Членови на терористичка ќелија поддржана од Израел, за која се вели дека планирала атентат врз иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се уапсени во Иран.

Советникот на министерот за надворешни работи, Хосеин Ранџбаран, објави дека пред неколку дена е осуетен „голем израелски заговор“ за атентат врз Арагчи.

Заговорот беше откриен неколку дена пред планираното патување на Арагчи во Женева, во обид да ги продолжи дипломатските разговори со голем број европски претставници во врска со нуклеарните постројки на Иран.

И покрај обидот за атентат, Арагчи отпатува во Женева за да се сретне со своите европски колеги.

Израел уби голем број истакнати ирански воени лидери и нуклеарни научници во својот невиден напад врз Иран што започна во зори минатиот петок.

Меѓу најистакнатите личности што успеа да ги убие се генерал-мајор Мохамед Багери, врховниот командант на ИРГК, генерал Хосеин Салами, Ферејдун Абаси, поранешен шеф на Организацијата за атомска енергија на Иран, нуклеарниот научник Мехди Техеранчи, кој беше и претседател на Исламскиот универзитет Азад, и генерал-мајор Голам Али Рашид, шеф на Централниот штаб на ИРГК, Хатам ал-Анбија (еден од командните штабови на иранските вооружени сили).

Долго време се најавува дека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, ќе биде следната цел на израелските напади.

Би можело да ве интересира

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено