Средба меѓу претседателите на Иран и на САД, Хасан Рохани и Барак Обама за време на ГС на ОН „не е на дневен ред“, изјави во Техеран портпаролка на иранското МНР.
– Таква средба не е на дневен ред. Сметаме дека моментот за таква средба се уште не е дојден. Не сакаме да имаме средба само заради принцип, изјави Марзие Афхам на прес конференција.
Таа исклучи можност за средба меѓу министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф со државниот секретар Џон Кери за време на средбата на Зариф со министрите за надворешни работи на државите од „шесторката“ која води разговори за иранската нуклеарна програма.
– Сите средби ќе бидат во формат 5+1 нагласи таа.
Белата куќа вчера соопшти дека не исклучува средба меѓу претседателите на двете држави кои ги прекинаа дипломатските односи во 1980 година.