Иран денеска ја предупреди администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден дека нема да има на располагање неодредено време САД повторно да се приклучат на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и светските сили.
– САД нема да го имаат целото време на светот за тоа, изјави портпаролот на иранската Влада, Али Рабији и додаде дека Иран очекува официјално соопштување на американската позиција и укинување на санкциите.
Иако Бајден претходно најави дека САД ќе се вратат на нуклеарниот договор, Рабији рече дека нема комуникација меѓу Иран и американскиот претседател на оваа тема.
Во меѓувреме, како што информира, Иран ќе отиде чекор подалеку од нуклеарниот договор со наметнување на „ограничувања“ на инспекциите на нуклеарното регулаторно тело на Обединетите нации кон крајот на февруари.