Иран: Прифатете ги нашите права или ќе се соочите со нови порази

Од:

Иранското Министерство за одбрана изјави дека „американско-ционистичкиот непријател“ мора да ги прифати легитимните и трајни права на иранскиот народ или ќе се соочи со повторени порази и дипломатски и на бојното поле.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Реза Талеи-Ник, изјави дека „без да ги реализира овие разумни и дефинитивни права, непријателот нема да може да излезе од мочуриштето во кое е заглавен“, според Press TV. Тој рече дека Иран, со поддршка на својот народ, покажал високи способности и во борбените операции и во дипломатијата.

„Ако „непријателот“ не ги прифати легитимните барања на Иран во дипломатијата, треба да очекува повторување на претходните порази на воено поле“, рече Талеи-Ник.

Талеи-Ник додаде дека повторувањето на поразите на непријателот е предвидливо со оглед на реалноста во регионот и дека иранскиот народ, според сегашните трендови, ќе биде крајниот победник од оваа, како што изјави, наметната војна.

Талеи-Ник исто така, предупреди дека секој нов напад или агресија ќе биде дочекан со „решителен, конечен и болен одговор за непријателот“.

Талеи-Ник, исто така, рече дека „повторното повлекување на американските бродови од зоната на конфликтот ја покажува подготвеноста и способноста на иранските вооружени сили“, вклучувајќи ја Револуционерната гарда и армијата.

Би можело да ве интересира

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи