Иран префрли три елитни батаљони во Ирак за да се борат против џихадистите од ИДИЛ

Од:

 Три батаљона на иранските елитни специјални сили „Ал Кудс“, што се дел од Корпусот на гардата на Исламската револуција, се префрлени во Ирак за да се борат против сунитската група „Исламска држава во Ирак и Левантот“ (ИДИЛ), пренесе ИТАР-ТАСС.

Еден од трите батаљона веќе учествувал во борбени дејствија кај Тикрит, рамо до рамо со ирачките единици, што довело до делумно ослободување на градот.

Другите два батаљона минатата среда биле префрлени во регионот на Кербала и Наџаф, светите градови за муслиманите шиити, за да ги бранат, како и во престолнината Багдад, информира денеска „Волстрит џорнал Јуроп“.

Во Ирак пристигнал и командантот на „Ал Кудс“, бригадниот генерал Касем Сулејмани, посочува весникот.

Во меѓувреме, Би-Би-Си соопшти дека единиците на ИДИЛ се прегрупираат за да упаднат во Багдад и дека нивните ударни сили се распоредени на 120 километри северно од пресолнината. Според британскиот медиум, групата запленила мноштво оружје и техника, што биле оставени од ирачаките единици при нивното повлекување.

„Тоа оружје вреди милијарди долари, дадени од САД на ирачката армија, а сега се најде кај терористите“, прецизира Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија