Иран погуби двајца осудени членови на „ќелија“ поврзана со ИСИС

Од:

Иран погуби двајца мажи осудени за членство во милитантна ќелија поврзана со Исламска држава (ИСИС) и вооружени дејствија против Исламската Република, објави денес иранскиот весник „Мизан“.

Според агенцијата блиска до иранското судство, Мохиудин Абдулахи и Хосеин Палани беа осудени на смрт со бесење откако пресудите против нив беа потврдени од Врховниот суд.

Двајцата беа членови на ќелија поврзана со терористичката група ИСИС, која беше формирана по распадот на структурата на групата во Ирак и Сирија, со цел обнова на организацијата и создавање несигурност во регионот.

Според обвинувањата, милитантната ќелија планирала напади во Иран откако дејствувала од висорамнината Бамо по должината на границата меѓу Иран и Ирак. Кај нив беа откриени и запленети значителни количини оружје, муниција, опрема и документи поврзани со терористички активности.

Би можело да ве интересира

Техеран ѝ се заканува на Европа: Земјите што ќе обезбедат бази за напади врз Иран ќе бидат цели

Багаеи: Лажни се извештаите дека Иран развива биолошко оружје

Трамп се соочува со тешка одлука

Американската воена операција против Иран достигна цена од над 44 милијарди евра

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција