Иран подготвен за размена на затвореници со САД

Од:

Иран е подготвен за целосна размена на затвореници со Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на иранската Влада Али Рабеи, додавајќи дека Вашингтон се уште не одговорил на повикот на Техеран за размена.

Тој рече дека Техеран е загрижен и смета дека САД се одговорни за безбедноста и здравјето на Иранците во американските затвори за време на пандемијата на коронавирусот.

„Ние сме подготвени да размениме затвореници со САД и да разговараме за ова прашање, но Вашингтон сè уште не одговорил на нашиот повик“, рече Рабеи.

Иран и САД веќе разменија затвореници во 2019 година, кога Иран го ослободи американскиот студент Сијуе Ванг, кој беше осуден на три години затвор за шпионажа, а САД го ослободија иранскиот истражувач за матични клетки Масуд Солејмани, кој беше обвинет за кршење на санкциите. п

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+