Иран подготвен за директни преговори ако намерите на САД се „чесни“

Од:

Иран е подготвен за директни преговори со САД по спорот околу нуклеарната програма, ако Вашингтон има „чесни намери“, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи.

– Ако од другата страна има чесна намера, ние тоа сериозно ќе го разгледаме, додаде тој, откако вчера американскиот потпретседател Џо Бајден му предложи на Иран билатерални преговори.

Иран верува дека е „мудро да ги претвориш непријателите во пријатели“, додаде тој, истакнувајќи дека Техеран оддава големо значење на независноста.

Шест светски сили предложија нов круг преговори со Иран по нуклеарната програма, истакна Салем. – Имам добри вести, шесте сили (петте постојани члкенки на СБ на ОН плус Германија) ќе се сретнат во Казахстан на 25 февруари, истакна министерот, не прецизирајќи дали Иран прифатил да учествува на средбата.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји