Иран: Остварен е контакт со патник и член на екипажот на хеликоптерот на иранскиот претседател

Од:

По падот на хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, властите успеале да стапат во контакт со еден од членовите на екипажот.

Црвената полумесечина соопшти дека е утврдена точната локација на падот на хеликоптерот и дека спасувачите ја пребаруваат областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзакан.

Хеликоптерот се урнал во северозападниот регион Варзакан, кој се наоѓа на приближно 600 километри од Техеран. Варзакан припаѓа на иранската провинција Источен Азербејџан. Последниот ГПС сигнал наводно бил лоциран во близина на рудник за бакар во шумите на Арсбаран.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан бил и меѓу патниците во хеликоптерот што се урнал.

Ебрахим Раиси пристигна во Азербејџан претходно во неделата.

Таму, заедно со претседателот на земјата, Илхам Алиев, учествуваше на церемонијата на пуштање во употреба на хидроцентралата Худаферин и на отворањето на хидроцентралата Гиз Галаси изградена на реката Араз.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

Ким Јонг-ун испрати сочувство до Иран: Раиси беше извонреден државник и близок пријател

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси