Иран одлучи: Главниот град мора да се премести поради кризата со водата

Од:

Иранскиот претседател Масуд Пезишкијан изјави дека Иран нема друг избор освен да го премести својот главен град од Техеран на југ, поради прекумерната урбанизација, недостигот на вода и растечката закана од слегнување на земјиштето.

Пезишкијан рече дека минатата година разговарал за предлогот со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, додавајќи дека идејата наишла на многу критики, но дека растечките кризи со ресурсите се толку сериозни што Иран сега има „обврска да ја направи оваа промена“, објави Гардијан.

Пезишкијан, исто така, рече дека не е доволно да се прифати сегашната ситуација без научно заснован, прецизен и локално адаптиран план за иднината.

Би можело да ве интересира

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран