Иран одби да го прекине збогатувањето на ураниум за 20 отсто, пред САД да ги укинат санкциите

Од:

Иран нема да го суспендира збогатувањето на ураниум за 20 проценти се додека САД не ги отстранат сите санкции кон државата, изјави неименуван висок ирански официјален претставник како одговор на извештаите на американски медиуми дека Вашингтон може да понуди нови услови за договорот пред да почнат новите нуклеарни разговори.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден сакаше да го вклучи Иран во разговорите насочени кон исполнување на двете страни од договорот, според кој економските санкции кон Иран ќе бидат укинати, ако за возврат ја ограничи амбициозната програма за нуклеарно оружје, која Техеран ја негира.

– Висок ирански официјален претставник за Прес ТВ изјави дека Техеран ќе прекине со збогатувањето на ураниум за 20 проценти само доколку САД прво ги укинат сите санкции кон Иран, објави државната телевизија Прес ТВ на својата веб-страница.

Официјалното лице исто така нагласи дека ако работите не се променат, Техеран се помалку ќе ги почитува своите обврски од нуклеарниот договор во 2015 година, предупредувајќи дека времето за Вашингтон истекува, се додава на веб-страницата на националната телевизија.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки