Иран: Обвинувањата на Болтон се смешни тврдења

Од:

Иран категорично го отфрли обвинувањето на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон, според кој, „речиси е сигурно“ дека зад нападите од 12 мај врз четирите танкери на нафта во близина на ОАЕ стои Техеран.

– Да се кажат такви смешни тврдења, тоа не е чудно, бидејќи доаѓаат од САД, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Абас Мусави, во изјава на официјалната веб-страница на Министерството.

Тој додава дека „господинот Болтон и другите команданти и трагачи по хаосот треба да знаат дека стратегиското трпение, високата будност и целосната одбранбена подготвеност на Исламската Република Иран ќе го спречат исполнувањето на нивните зли желби за хаос во регионот“.

Болтон денеска на прес-конференција во Абу Даби рече дека четирите бродови, вклучувајќи и два саудиски танкера, „се нападнати со мини, речиси сигурно од Иран“.

Тој вчера на Твитер соопшти дека пристигнал во Обединетите Арапски Емирати. Повод се планираните денешни разговори за важни и итни прашања поврзани со регионалната безбедност.

Тензиите меѓу Иран и САД се интензивираа по нападот овој месец против танкерите со нафта во Персискиот Залив. Вашингтон, близок сојузник на регионалните ривали на Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, за нападот го обвини Техеран. Иран ги негираше обвинувањата.

За време на посетата на Доха вчера, иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Аракчи, рече дека неговата земја е подготвена да се вклучи во дијалог со арапските земји од Заливот за да се справи со ескалацијата на тензиите.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји