Иран нуди 60.000 долари за американски пилот кој исчезна по падот на борбениот авион Ф-15, објави Скај њуз. Едниот пилот е спасен, додека другиот сè уште се бара.
– Тоа покажува колку е ризично да се води воздушна војна од размерот што го прават израелските и американските сили, изјави дописничката на Скај, Дијана Магни.
Таа додаде дека и Техеран и Вашингтон се обидуваат да дојдат до исчезнатиот пилот.
– Очигледно и Техеран и Вашингтон сакаат да го фатат – рече таа.
Таа рече дека локалните власти понудиле парична награда.
– Постои награда за овој пилот, локалните власти нудат 60.000 долари ако го предадете жив на полицијата – рече таа.
Таа додаде дека американските специјални сили се на терен и дека брзо го пронашле првиот пилот.
Тоа е, како што ја нарече, „многу ризична операција“.
