Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Од:

Претседателот на иранскиот парламент Мохамед Бејкер Калибаф изјави денеска дека и по ликвидацијата на лидерот на Хезболах Саид Хасан Насрала, милитантните групи ќе продолжат да му се спротивставуваат на Израел со помош на Техеран, пренесоа иранските државни медиуми.

Алијансата позната како Оската на отпорот, која се градеше со децении со иранска поддршка, ги вклучува палестинската група Хамас, Хезболах во Либан, Хутите од Јемен и различни вооружени шиитски групи во Ирак и Сирија, потсетува Ројтерс.

Израел соопшти дека Насралах бил убиен во воздушен напад во петокот врз главната база на Хезболах во јужните предградија на Бејрут, а Хезболах потврди дека лидерот на групата е убиен, но не прецизираше како.

„Нема да се двоумиме да одиме на кое било ниво за да му помогнеме на отпорот“, рече Калибаф и ги предупреди САД дека се „соучесници во сите злосторства“ и мора да ги прифатат последиците.

Осврнувајќи се на ликвидацијата на Насрала, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека Израел „нема да застане“ и рече дека постапките на еврејската држава нема да останат без одговор.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД