Иран му понуди помош на Ирак во борбата против ИД

Од:

Владата во Техеран денеска соопшти дека е подготвена да им помогне на ирачките власти во борбата против џихадистите од групата Исламска држава (ИД).

Иранскиот потпретседател Ешак Џахангири му даде вакво ветување на својот ирачки колега и поранешен премиер на оваа земја Нури ал Малики за време на средбата во Техеран.

– Во борбата против тероризмот мораме да ги употребиме сите средства. Иран е подготвен да му помогне на Ирак со сите свои средства, истакна Џахангири.

Со цел да се спречи офанзивата на ИД, која започна на 9 јуни, Владата во Техеран ги снабди ирачките Курди со оружје и испрати свои воени советници во Багдад, истовремено негирајќи дека испратила и копнени трупи.

Иранските власти одбија да и се придружат на меѓународната коалиција во воздушните напади против ИД, но се подготвени за регионална поддршка на властите во Ирак и Сирија, чии поголеми делови од териториите се под контрола на џихадистите.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он