Иран денеска успешно лансираше жив мајмун во вселената и го врати на земјата. Мајмунот во вселената бил испратен со ракета кавошгар, пренесе агенцијата Фарс.
Ракетата достигнала височина од 120 километри и својот „товар го вратила недопрен”.
Западните земји се загрижени дека балистичката технологија со долг дострел што се користеше за испраќање на иранскиот сателит во орбита може да се користи за лансирање на атомски боеви глави.
Западот и Израел засега не се огласија во врска со овој настан.