Иранската државна телевизија вечерва објави дека спасувачки тим го пронашла соборениот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, но Црвената полумесечина набрзо потоа демантираше, пренесува Ројтерс.
Претставник на Црвената полумесечина соопшти дека спасувачите се уште не стигнале на точното место на несреќата, но дека местото е лоцирано.
Јакуб Сулејмани, генерален секретар на Црвената полумесечина, по состанокот на штабот за управување со вонредни состојби изјави дека во зоната на катастрофата се присутни 15 оперативни тимови за брза реакција.