Иран ќе продолжи да ја развива својата нуклеарна програма

Од:

Иран ќе продолжи да ја развива својата нуклеарна програма и покрај неодамнешните напади на САД и Израел врз неговите нуклеарни постројки, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакајери.

„Иран има секое право според Договорот за неширење на нуклеарно оружје да користи нуклеарна енергија за мирни цели и е подготвен да го брани ова право под какви било околности“, изјави Бакајери за Ал Џезира.

Тој додаде дека меѓународната заедница пред сè треба да го осуди она што го нарече „беззаконието на САД“ и да не се фокусира на обемот на штетата.

Коментирајќи го ракетниот напад на Иран врз американската воздухопловна база Ал-Удеид во Катар, Бакајери рече дека Иран го искористил своето легитимно право на самоодбрана, загарантирано со Повелбата на ОН, објави новинската агенција Тасним.

Според него, нападот бил одговор на „американската агресија на 22 јуни и не претставува чин на непријателство кон Катар“.

Би можело да ве интересира

Тврд став на Техеран – нема попуштање пред САД

ВИДЕО: Нуклеарен договор во замена за укинување на санкции, Иран им одговори на САД

ВИДЕО: Договор или многу трауматични последици – Трамп му дава на Иран еден месец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Страшна експлозија го потресе главниот град на Иран

А1он

Трамп го испраќа најголемиот носач на авиони во светот на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери