Иран ќе и достави воена помош на либанската армија

Од:

Иран ќе достави воена помош за либанската армија, изјави шефот на иранскиот Совет за национална безбедност, Али Шамхани.

Либанската армија, која има поддршка од Саудиска Арабија и САД, прави напори да спречи сунитски борци од Сирија да влегуваат во либански градови близу границата.

Сунитските борци во Сирија и нивните сојузници во Либан ја обвинуваат либанската армија дека работи со финансираното од Иран шиитско движење Хезболах, испраќајќи борци за поддршка на сириските владини сили.

– Исламската Република одлучи да достави воена помош за либанската армија, изјави Шамхани при посетата на Бејрут.

Тој не прецизира за каков вид помош се работи. Според дипломатски извор, Иран наскоро ќе побара од Либија список со оружје за потребите на либанската армија.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје