Иран ја тужи Америка пред Меѓународниот суд на правдата: Санкциите на Трамп уништуваат милиони животи

Од:

Санкциите што американскиот претседател Доналд Трамп повторно им ги воведе на Иран претставуваат „катастрофален напор за задушување на иранската економија и уништување милиони животи“, се пожали денеска Техеран пред Меѓународниот суд на правдата (МСП).

Судот во Хаг неделава одржува рочишта за да утврди дали има надлежност за случајот што Иран му го предаде на МСП, тврдејќи дека санкциите на САД го нарушуваат договорот за пријателство меѓу двете земји. Одлуката на судиите ќе биде накнадно објавена.

Претставникот на земјата, Хамидреза Олумијазди, пред Судот изјави дека повторното воведување санкции претставува јасно кршење на договорот за пријателство меѓу двете земји од 1955 година, а двете земји немаат дипломатски односи веќе 40 години.

Вашингтон, кој го поништи договорот, соопшти дека текстот нема никаква врска со спорот и дека Иран се повикал на него само за да ја утврди јурисдикцијата на МСП, највисокото судско тело на Обединетите нации.

-Американските мерки и политики на максимален притисок не ја земаат предвид самата основа на меѓународното право, рече Олуумијазди.

Санкциите создаваат „проблеми и страдања, вклучително и рекорден пад на иранската трговија, со речиси двојно зголемување на цените на храната и сериозни удари врз здравствениот систем, додаде тој.

„На американската администрација сега единствено важно и е дали нејзините мерки ќе успеат да ја уништат иранската економија и милиони ирански животи“, продолжи Олуумијазди.

САД во понеделникот побараа од МСП да го отфрлат барањето на Иран за укинување на санкцијата, нарекувајќи го однесувањето на Техеран „сериозна закана“ за светската безбедност.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија