Иран ја прекинува соработката со нуклеарната агенција на Обединетите нации

Од:

Иранскиот парламент гласаше за прекин на соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објави државната телевизија. Иако одлуката сè уште не е официјална политика – потребна е согласност од највисоките власти – таа претставува политичка порака од Техеран по нападите на САД и Израел врз иранските нуклеарни објекти.

Претседателот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, рече дека МААЕ „го расипала својот меѓународен углед со одбивањето да ги осуди израелските и американските напади врз иранските објекти“.

Тој додаде дека иранската нуклеарна власт ќе „ја прекине соработката со МААЕ сè додека не се гарантира безбедноста на нуклеарните објекти“ и рече дека „мирољубивата нуклеарна програма на Иран ќе продолжи со забрзано темпо“.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран