Иран ја предупреди Европа: Толерирањето на американските напади нема да ја обезбеди вашата безбедност

Од:

Амбасадорот на Иран во Германија, Маџид Нели, ги предупреди европските земји дека толерирањето на американските напади нема да ја обезбеди нивната безбедност, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Нели реагираше на она што го нарече молк на некои европски политичари во врска со американските акции против Иран.

Според него, САД извршиле напад врз мостот Аг-Тапе-Кан, кој се наоѓа на железничкиот коридор Кина-Туркменистан-Иран.

Иранскиот амбасадор нагласи дека објектот не е само железничка инфраструктура, туку дел од важна меѓународна транспортна и трговска рута.

– Ако денешниот воен напад врз транспортните коридори остане неказнет и осуден, утре ќе биде лесно да се нападнат други коридори од кои и вие имате корист, им рече Нели на европските политичари.

Тој додаде дека, според негова проценка, прифаќањето на вакви акции не ја гарантира безбедноста на која било земја.

Изјавата на иранскиот амбасадор дојде по зголемените тензии меѓу Техеран и Вашингтон. ИРНА соопшти дека целта на американскиот напад бил мост на железничката рута што ги поврзува Кина, Туркменистан и Иран.

Би можело да ве интересира

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови