Иран испрати порака до САД: „Нападите врз нашите танкери се воено злосторство“

Од:

Иранската влада денеска ги осуди американските напади врз ирански комерцијални бродови, оценувајќи дека станува збор за воено злосторство.

– Министерството за надворешни работи на Исламската Република Иран најостро ја осудува агресивната акција на Соединетите Американски Држави со нападите врз ирански комерцијални бродови, се наведува во соопштението на Министерството.

Оттаму додаваат дека нападите се продолжение на американската воена агресија и дел од поширока поморска блокада и економска војна против Иран.

Во соопштението се наведува дека САД со нападите ја прекршуваат Повелбата на ОН и претставуваат закана за меѓународниот мир, безбедноста и комерцијалниот поморски сообраќај.

„Иран се заколна дека цврсто ќе го брани својот суверенитет и националните интереси од државно спонзорираниот тероризам и американската агресија, вклучително и континуираната блокада и малтретирањето на комерцијалните бродови“, се наведува во соопштението.

Претходно американската војска соопшти дека погодила три ирански нафтени танкери – еден во близина на островот Харг, втор во близина на Јаск, а трет во Оманскиот Залив. Вашингтон тврди дека нападите биле изведени како одговор на ирански ракетни напади врз два американски воени брода.

Во реакција на нападите, иранската војска соопшти дека, доколку САД продолжат со поморската блокада, Иран ќе изврши уште посилни одмазднички напади, а можно е и проширување на нападите врз американски воени пловила.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД, доколку Иран ги нападне американските бродови, ќе ги уништуваат и потопуваат иранските нафтени танкери.

„Едноставно е – ако Иран пука врз американски бродови, ќе ги уништиме и потопиме нивните нафтени танкери. Сè што треба да направат е да не пукаат врз американската морнарица. Иранската флота од нафтени танкери е беспомошна – Иран нема морнарица ниту воздухопловство“, порача Хегсет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Иран може да уништи град, Лос Анџелес или Сан Диего би биле мала цена

Катерина Ѓуровски

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја