Иран испали нова серија ракети кон Израел, насочени кон Тел Авив, Ерусалим и други градови

Од:

Сирени за тревога се огласија во неколку градови во централен Израел, вклучувајќи ги Тел Авив, Холон и Петах Тиква, откако израелската армија (ИДФ) објави дека ракети се испукани од Иран кон израелска територија.

„Пред кратко време, сирени се огласија во неколку области низ Израел откако беа идентификувани ракети испукани од Иран“, соопшти ИДФ.

„Граѓаните се повикуваат да ги следат упатствата на Командата за цивилна заштита. Во овој момент, израелските воздухопловни сили работат на пресретнување и уништување на заканите.“

Командата за цивилна одбрана ги предупреди граѓаните на централен Израел, вклучувајќи го Западниот Брег, Ерусалим и Тел Авив, штом се појави непосредна закана од ракетен напад од Техеран.

„Одбранбените системи беа активирани со цел пресретнување на ракетите“, се наведува во нивното соопштение. „На граѓаните им е наредено да влезат во заштитените подрачја и да останат до понатамошно известување.“

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Горан Наумовски

Пет лица се полесно повредени во ирански ракетен напад во Бершеба

(ВИДЕО) Иранска ракета падна на пат во близина на станбена зграда во Бершеба

Нетајаху: Израел има моќ да ги елиминира сите свои цели

Горан Наумовски

Иран испука нов бран ракети кон Израел

Москва: Атентатот врз врховниот лидер на земјата би ја отворил Пандорината кутија