Иран им се закани на САД: Нема да бидете поштедени ако продолжи војната во Газа

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан ги предупреди Обединетите нации дека доколку израелската одмазда против палестинските милитанти на Хамас во Појасот Газа не престане, САД „нема да бидат поштедени од тој оган“.

„Искрено им велам на американските државници, кои во моментов управуваат со геноцидот во Палестина, дека не поддржуваме проширување на војната во регионот. Но, ако продолжи геноцидот во Газа, тие нема да бидат поштедени од тој оган“ рече тој на состанокот на Генералното собрание на ОН за Блискиот Исток.

Израел вети дека ќе го истреби Хамас, кој владее со Газа, како одмазда за нападот на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе, а стотици беа заложници. Израел ја бомбардира Газа од воздух, воведе опсада и подготвува копнена инвазија. Палестинските власти соопштија дека се убиени повеќе од 7.000 луѓе.

– Хамас му порача на Иран дека е подготвен да ослободи цивилни заложници, додавајќи дека светот треба да се заложи за ослободување на 6.000 Палестинци кои се држат во израелските затвори, рече Амирабдолахиан.

„Исламската Република Иран е подготвена да ја одигра својата улога во овој многу важен хуманитарен потфат, заедно со Катар и Турција. Се разбира, ослободувањето на 6.000 палестински заложници е уште една неопходност и одговорност на глобалната заедница“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он