Иран ги зголемил залихите на збогатен ураниум, извршувал тајни нуклеарни активности

Од:

Иран ги зголеми своите залихи на збогатен ураниум и спроведе тајни нуклеарни активности користејќи материјал што не го пријавил на Меѓународната агенција за атомска енергија на три локации кои долго време беа под истрага, соопшти МААЕ во долг, доверлив извештај до своите земји-членки, во кој имаше увид Ројтерс.

МААЕ во извештајот заклучи дека трите локации, Лависан Шијан, Варамин и Мариван, и други што може да бидат поврзани со нив, биле дел од непријавена нуклеарна програма што Иран ја развивал до почетокот на 2000-тите, и дека некои од тие активности користеле непријавен нуклеарен материјал.

Агенцијата на ОН испрати два квартални извештаи за Иран до земјите-членки, вклучувајќи и сеопфатен извештај побаран од одборот на директори на МААЕ во ноември минатата година, објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови