Иран ги обнови комерцијалните летови со Авганистан

Од:

Иран ги обнови комерцијалните летови кон Авганистан, кој е под контрола на талибанците од средината на август.

Телевизијата Ал Алам пренесува дека авион на иранската компанија Махан Ер слетал на меѓународниот аеродром во Кабул, и оти ова е прв комерцијален лет што пристигнал во Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата.

Меѓу 19-те патници кои пристигнаа во Кабул од ирански Машад имаше ирански дипломатски претставници назначени да работат во Авганистан.

Комерцијалните летови меѓу Иран и Авганистан беа прекинати на 16 август, еден ден откако талибанците ја презедоа контролата врз Кабул.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана